Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, во најновата гласовна порака објавена денеска наведува дека неговата воена организација во моментов не регрутира нови борци, но веројатно тоа ќе го направи во иднина.
– Денеска ги дефинираме нашите следни задачи, чија рамка станува се појасна. Без сомнение, тоа се задачи што ќе се извршуваат во името на големата Русија – порача Пригожин во гласовната порака објавена на „Греј зона“ на каналот Телеграм, што е поврзан со организацијата Вагнер.
И покрај бунтот, по само пет дена Пригожин беше поканет на средба со Владимир Путин, а минатата недела беше фотографиран во Санкт Петербург, каде што рускиот претседател беше домаќин на африканските лидери за време на Самитот Русија-Африка.