Пороен дожд со грмежи и сончеви периоди најавуваат метереолозите за последниот ден од месец јули.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец. УВ факторот ќе биде 8.
Во Скопје се очекува умерено облачно време со засилен северен ветер и температури во интервал од 20 до 32 степени.