More

    Пожарот во реонот на „Гоцева шума“ кај Неготино што избувна попладнево ставен е под контрола

    spot_img

    Пожарот во реонот на „Гоцева шума“ кај Неготино што избувна попладнево ставен е под контрола, потврди за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

    – Среќа во несреќа е што неготинските пожарникари реагираа многу брзо и не дозволија поголеми штети. Во денешниот пожар беа зафатени пет хектари од боровата шума, појасни Стојанов.

    Стојанов беше таму и вчера, кога, исто така, беснееше пожар, а го гаснеа неготински и кавадаречки пожарникари, но се дејствуваше и од воздух со авион на ДЗС и хеликоптер на МВР.

    Според ЦУК, пожарот што во текот на вчерашниот ден беше активен во месноста „Гоцева шума“ во Општина Неготино, а што во текот на ноќта беше изгасен, денеска попладне повторно беше реактивиран. На терен денеска интервенирала ТППЕ Неготино со 10 пожарникари и пет противпожарни  возила.

    Според информациите од ЦУК, во пожарот вчера, беше зафатена борова шума на површина од 10 до 15 хектари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img