Словенечките синдикати на вработените во јавниот сектор се заканија со штрајк доколку Владата не одговори на нивните барања до следната недела за зголемување на платите.
Претставниците на Синдиактот, Бранимир Штрукељ и Јакоб Почивавшек во преговорите со Владата, синоќа изјавија дека уште не добиле одговори на предлозите, а тоа очекуваат да го сторат најдоцна до вторник.
Тие истакнаа дека ако најдоцна до 15 февруари не добијат одговор ќе стапат во штрајк.
Синдикатите на вработените во јавниот сектор беа иритирани од одлуката на Владата на Јанез Јанша, која со посебен Закон и во договор со синдикатот на лекарите одобри повисоки примања за речиси 7.000 лекари во јавното здравство.