Црногорската полиција во Бар упасила 56-годишен маж поради сомнение дека сторил кривично дело недозволена полова активност, на штета на малолетно лице.Управата на полицијата, се сомничи дека И.С. на 28 јули околу 16,00 часот, во угостителски објект во Бар, во тоалет кабина внел малолетна странска државјанка и против нејзина волја ја допирал по интимните делови.
Осомничениот е спроведен кај државниот обвинител на Основното државно обвинителство во Бар, кој му одредил мерка притвор се додека не биде изведен пред надлежниот судија за истрага.