Со традицонална македонска музика и богата културно- уметничка програма, вчера во Аеродром граѓаните масовно и во голем број ги испратија учесниците на годинешната Илинденската коњаница.
Оваа година, во организација на здружението Илинденски коњички марш 1978 од Горно Лисиче и 45-ти пат по ред, околу 30 јавачи се упатија кон славното Крушево и Мечкин Камен, каде на 2 Август ќе се одбележат Денот на Републиката и 120-годишнината од Илинденското востание.
Маршот на коњаницата започна од паркот „Јане Сандански“ каде на учесниците им беше предадено знамето на Општина Аеродром, а централната манифестација за испраќањето и литургијата се одржаа во храмот „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче. Општина Аеродром е традиционален поддржувач на настанот, а оваа година е единствена јавна институција која со финансиски средства го поддржа „Илинденскиот марш“.
Градоначалникот Муцунски изминатите денови присуствуваше на подготвителните активности за маршот, а вчера претставници на Советот на Општината Аеродром присуствуваа на официјалното испраќање на коњаницата.
Со благодарност до учесниците и пораки за мирен пат и безбедно пристигнување во Крушево, тие ги поздравија учесниците на маршот.