Во кражбата во луксузниот дом на Дејвид и Викторија Бекам во западен Лондон украдени се работи вредни неколку илјади фунти, објавија британските медиуми.
Се верува дека кражбата во куќата на брачната двојка во Кенсингтон се случила додека во неа биле Викторија и Дејвид со нивната 10-годишна ќерка Харпер Севен.
Според пишувањето на странските медиуми, кражбата не била откриена сѐ додека неговиот син Круз Бекам (17) не се вратил дома од ноќно излегување и видел скршен прозорец и ограбена спална соба.
На полицијата ѝ било пријавено дека се украдени неколку предмети.
Сѐ уште нема уапсени, а истрагата продолжува.
Според странските медиуми, меѓу украдените предмети има дизајнерски и електрични предмети во вредност од неколку илјади фунти.
Лондонската полиција ги потврди наводите за кражбата.