Вардар на реваншот со Веспрем патува со 8 гола негатива

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа убедлив пораз вечерва во Скопје од унгарски Веспрем од 22:30 (11:15) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Македонскиот првак со четири последователни голови поведе со 4:2 во 7. минута, а до средина на полувремето успеа и да ја удвои предноста на 9:5.

Веспрем од тој момент заигра поцврсто во одбраната и до крајот на полувремето направи целосен резултатски пресврт, заминувајќи на пауза со четири голови позитива.

Нападот на Вардар не функционираше ниту во продолжението што на крајот резултираше со висок пораз со кој „црвено – црните“ се пред елиминација во ЛШ.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Филип Талески со шест голови, сите во првото полувреме, додека Тимур Дибиров постигна гол помалку.

Реваншот во Веспрем ќе се одигра на 6 април од 18:45 часот.

Share This Article