More

    Северна Кореја покажа проектили, тие тврдат дека можат да погодат која било цел во САД

    spot_img

    На големата воена парада во главниот град Пјонгјанг, Северна Кореја покажа нови беспилотни летала, нуклеарни проектили и балистички ракети, во присуство на лидерот Ким Џонг-ун и делегации од Русија и Кина, објавија државните медиуми.

    Со воена парада во четвртокот вечерта беше одбележана 70-годишнината од крајот на Корејската војна, која се слави како „Ден на победата“ на северот на Корејскиот полуостров.

    За прв пат од избувнувањето на пандемијата „Ковид-19“, воената парада имаше посетители од странство, поточно делегации од Кина и Русија, меѓу кои и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

    Нивното појавување на настан фокусиран на нуклеарни проектили (забранети од Советот за безбедност на ОН, со гласови од Кина и Русија) претставува промена од претходните години кога Пекинг и Москва се обидоа да се дистанцираат од развојот на нуклеарната програма на Северна Кореја.

    Тие тврдат дека ракетите можат да погодат која било цел во САД
    На споменатата парада можеа да се забележат најновите интерконтинентални балистички ракети Хвасонг-17 и Хвасонг-18, чиј дострел е доволен за погодување на која било цел во САД, пренесе државната новинска агенција. Дел од програмата беше и прелетување на шпионски авиони.

    Министерот за одбрана, генерал Канг Сун Нам, во својот говор ги обвини САД и нивните сојузници за подигање на тензиите во регионот.

    Кин Џонг-ун го угости рускиот министер за одбрана на свечен ручек за време на кој му вети солидарност со рускиот народ и руската армија. Од друга страна, Шојгу ја пофали севернокорејската армија, нарекувајќи ја најсилната армија во светот, а потоа разговараа за безбедносната и одбранбената соработка меѓу двете земји, јави државната новинска агенција.

    Во својот одговор до Пјонгјанг, Вашингтон го повика за снабдување на Русија со оружје, кое потоа го користи за воени цели во Украина. Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател изјави дека САД се крајно загрижени поради растечките врски меѓу Москва и Пјонгјанг.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img