Новак Ѓоковиќ веќе извесно време е во Хрватска, каде поминува време и се одмара по поразот во финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз.
Ѓоковиќ со семејството отплови со јахта до Дубровник, а во меѓувреме стигна до ресторан на островот Корчула.
Деталите од неговиот престој ги открил готвачот на една кафана, кој ја искористил приликата да го запознае Новак и да се фотографира со него.
„На Новак Ѓоковиќ воопшто не му треба вовед. Имавме можност да поразговараме за спортот, да размениме спомени од спортските денови, но и за гастрономијата. Драго ни е што Новак и неговото друштво уживаа во вечерата и чест ни е што ја посети нашата кафана“, се наведува во соопштението.
Ѓоковиќ треба да се врати на теренот на Мастерсот во Синсинати, кој започнува на 13 август.