До недела времето ќе се задржи стабилно, со свежи ноќи, информираше УХМР.
„Дневните температури ќе се покачат но ќе бидат во рамките на просечните за овој дел од годината. Во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи“, наведено е во соопштението.
Во продолжение, еве кекво време нѐ очекува во текот на викендот:
Прогноза за сабота
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 28°C до 36°C
Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец.
Прогноза за недела
Минимална температура: 10°C до 17°C
Максимална температура: 29°C до 36°C
Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб претежно југозападен ветер.