More

    Почина композиторот Кире Костов

    spot_img

    По подолго боледување, на 73-годишна возраст во Скопје почина композиторот и диригент Кире Костов. Беше долгогодишен член на Сојузот на композитори на Македонија.

    Смртта на Кире Костов ја потврдија од неговото семејство, а објави и СОКОМ.

    Кире Костов е роден во 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

    Во периодот од 1970 од 1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до денес (2010) и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа. Кире Костов таа година беше прогласен како најдобар трубач-инструменталист во Југославија и беше избран да ја представува Југославија во тој оркестар.

    Костов како трубач досега има снимено преку триста минути солистичка музика од областа на џезот, популарната музика, класичната музика и друго. Како солист има учествувано во многу емисии на кои што се изведуваа разни автори-солисти од сите тв куќи во бивша Југославија од Љубљана до Белград, изведувајќи негова музика во која што секогаш преовладува македонската мелоритмика.

    Учесник е на Глазбената парада во Раденци, Слованија од почетокот до крајот (1974-1989). На оваа парада од музика Кире Костов учествувал со преку четириесетина наслови и со преку петстотини минути солистичка музика, како со Бидбендот на МРТВ така и со други оркестри како гостин солист.

    Како диригент на Танцовиот оркестар на МРТВ (1988) за нејзините потреби има реализирано снимки од преку триста наслови. Ги реализирал сите Скопски фестивали од 1991 наваму. Учествувал три пати со своја програма и еднаш со Душко Гојковиќ и Џани Басо на Скопскиот џез фестивал. Исто така со своја програма настапил на Олимпос џез фестивал во Солун, Грција во 2000 година. Со тој настап, кој беше директно пренесуван од грчката ТРТ телевизија, македонската телевизија го пушти во употреба нашиот сателитски канал.

    Кире Костов е автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот. Од СОКОМ ги издвојуваат: „Акварел“, „Бела ноќ“, Македоска суита 1 и 2, „Нени“, „Травелинг“, „Догледање“, „Алегорија“, „Лепе ти је Беле Вирје“, „Си заљубив едно моме“ и други.

    Од областа на популарната музика има околу тристотини наслови, како што се „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“, „Само сеќавање“, „Не биди слеп“, „Манастирски сон“, „Моја Битола“, „Охридски спомени“, „Бела птица“, „Кој да ти каже“, „Тонови тајни“, „Ти пеам песна“, „Рум,дум,дум“, „Љубовна религија“, „Што те нема“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори.

    Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си-До“, кој се одржуваше во Битола од 1991-2000 година. Од овај фестивал произлегоа преку двестотини песни за деца и млади од кои половината од нив беа прогласени за хитови. Бил уметнички директор на „Интерфест“ – Битола за популарна музика (1994-1996).

    Костов е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои се три Гранпри награди на фестивалот „Макфест“ (1986,1993, 1995 година), две Гранпри награди на Скопскиот фестивал (1995 и 1997 година). Гранпри на Славјански базар во Белорусија, за „Тајно моја“ и „Илузија“ во интерпретретација на Тоше Проески, второ место на Славјански базар – „Бела птица“, „хххх“ во интерпретација на Каролина Гочева, втора награда на Славјански базар во Киев Украина – „Што те нема“ во интертретација на Лидија Кочовска, втора награда на фестивалот „Сунчане скале“ – „Тајно моја“ во интерпретација на Тоше Проески, Гранпри на фестивалот „Сунчане скале“ – „Рум, дум, дум“ во интерпретација на Калиопи и Наум Петрески, трета награда на фестивалот „Пјесма Медитерана“ – Будва, Црна гора – „Љубовна религија“ во интерпретација на Јоце Панов и многу други.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img