More

    Директорот Тасевски и стратешката група при БЈБ во посета на Граничен премин Табановце: зголемен проток на патници, поздравено воведувањето на посебна лента за македонските државјани

    spot_img

    Денеска (27.07.2023) во рамки на реализацијата на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“ директорот Сашо Тасевски, заедно со стратешката група при Бирото за јавна безбедност остварија работна посета на Граничниот премин „Табановце“, каде оствари работна средба и со раководството на овој премин. Еден од новитетите кој е веќе во функција е воведување на посебна лента за македонските државјани, со што се олеснува протокот на патници и се намалува времето на чекање.

    Според споделените информации од страна на раководството, во првата половина на оваа година на овој граничен премин поминале вкупно 2.743.665 патници, од кои 1.259.985 домашни и 1.483.680 странски државјани, што претставува зголемување за 5% на вкупниот проток на патници преку овој граничен премин, а за 12% е зголемен протокот на патници кои се наши државјани. Впрочем, и Регионалниот центар за гранични работи „Север“, во чии рамки е Граничниот премин „Табановце“, бележи севкупно зголемување на протокот на патници во периодот јануари – јуни од 2023 година во однос на лани за 21,4 %, каде протокот на патници изнесува 6.541.451 патници, и домашни и странски државјани.

    Инаку, заедничкото функционирање на пограничните контроли на граничните премини Табановце – Прешево е позитивен пример и во пошироки рамки, кој се разгледува како успешен модел на заедничко функционирање и на другите држави, а ист ваков модел е во најава за реализација за заеднички гранични контроли помеѓу Србија и Унгарија.

    Што се однесува до реализацијата на кривични дела, и во овој сегмент ГП Табановце бележи зголемување, со вкупно реализирани 53 кривични дела од кои најголемиот дел – 26 се во врска со фалсификувани документи, седум се поврзани со недозволена трговија со дрога, а 4 со фалсификувани моторни возила.

    Во насока на постапување по оперативни акции, на ниво на Регионалниот центар „Север“, пак, откриени се 15 кривични дела поврзани со „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, од кои 13 токму на ГП Табановце, а што се однесува до еден од приоритетите – спречување на обиди за илегални преминувања на државната граница, во периодот јануари – јуни 2023 година на северната државна граница откриени се вкупно 575 обиди, што покажува тренд на намалување за 46 во однос на истиот период во 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img