Денеска околу 11 часот избил пожар во обрасната трева во подрачјето на грчкиот полуостров Ситонија на Халкидики, но засега не се загрозени населените места, иако чадот се гледа во далечина.
Грчкиот сајт „Халкидики политики“ наведува дека пожарот избил меѓу популарните летувалишта Метаморфозис и Никити.
Се наведува дека на гасењето на пожарот се ангажирани 37 пожарникари и 12 возила. Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваат и противпожарен хеликоптер и припадници на грчката војска.
Се наведува дека моментално ниедно населено подрачје не е загрозено од пожарот.
Во Грција веќе десетина дена беснеат големи пожари на неколку локации,најкритична е ситуацијата на островите Родос, Крв и Евија, а ноќеска се разгоре пожар и во областа околу Волос