More

    Скопје и Сараево се поврзуваат со директна авиолинија

    spot_img

    Скопје и Сараево се поврзуваат со директна авиолинија. Летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, од 2 октомври годинава, ќе ги спроведува грчкиот национален авиопревозник AEGEAN, член на STAR ALLIANCE, најавуваат од ТАВ Аеродроми.

    Грчката авиокомпанија ќе почне да лета меѓу двата главни града од 2-ри октомври 2023 година, со воздухоплов ATR72-600, со три лета неделно, или секој понеделник, среда и петок.

    – Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на AEGEAN за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од Атина на југ, преку Скопје, до Сараево на северот на Балканот. Оваа авио-конекција во исто време претставува и значајно достигнување во нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на опциите за авионски патувања за нашите ценети патници – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

    До крајот на летниот ред на летање за 2023 година, или до крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на скопскиот аеродром во 21:50 часот. Во текот на зимската сезона 2023/2024, времињата на пристигнување/заминување ќе бидат слични.

    Резервација на авионски билети е достапна на веб-страницата на AEGEAN https://en.aegeanair.com/ и преку туристичките агенции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img