More

    Две лица го загубија животот во разбрануваното Јадранско Море на црногорското крајбрежје

    spot_img

    Две лица го загубија животот во разбрануваното Јадранско Море на црногорското крајбрежје. 31-годишен маж од Црна Гора загина на карпите, кај плажата „Сини хоризонти“ кај Тиват, а безживотното тело на руски државјанин е извлечено кај плажата Перазица кај Петровац, соопшти Управата за поморска безбедност.

    Истиот ден во брановите беа повредени уште три лица, а во Улцињ имаше неколку спасувачки акции. Состојбата на море поради силниот ветер се уште е ризична.

    Од Управата за поморска безбедност на Црна Гора упатија препорака до капачите и сопствениците на пловни летала да останат на брегот и да не излегуваат на море бидејќи постои висок ризик.

    Брановите на јадранското крајбрежје стануваат се поголеми поради зголемениот ветер.

    Но, според снимките што се појавија на социјалните мрежи, некои од туристите не го почитуваат предупредувањето и црвеното знаменце и се ставаат во опасност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img