Жители на Слупчане ги искршија трафостаниците и направија голем дефект

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По денешната целосна блокада за да ги спречат повторно да работат екипите на Електродистрибуција, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја.

Кумановското село Слупчане и другите околни села Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце сѐ уште се соочуваат со прекини во снабдувањето поради сериозниот дефект, потврдија од ЕВН Македонија.

Ова е втор пат дефект од ваков обем во Слупчане да предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија во околните села. Пред околу 3 недели, одредени лица безуспешно се обиделе да го вратат напојувањето на селото, кога нелегално влегле и упаднале во среднонапонски енергетски објект. Се покажа дека ова е дефект кој освен Слупчане, остана без струја и други села.

„Дефектот во снабдувањето со електрична енергија во село Слупчане е резултат на континуираното незаконско користење на електрична енергија. За жал, и дел од селата кај Липково се зафатени и се соочуваат со прекини во снабдувањето.

Екипите за дистрибуција на електрична енергија при вршење на редовни работни активности или санирање на дефекти во ова село често се соочуваат со вербални и физички напади. Истото се случи и денеска.

Сè додека не е загарантирана безбедноста на работниците на Електродистрибуција и се создадат нормални услови за работа, нема да вршиме редовни работни активности или да работиме на отстранување на дефекти“, информираат од ЕВН Македонија.

Денеска и по неколку недели, Електродистрибуција повторно не успеа да го започне проектот за реконструкција во Слупчане. Мештаните продолжија да ги попречуваат екипите и да го блокираат селото.

Според барањето доставено до ЕВН, жителите на Слупчане инсистираат да им се простат сите досегашни долгови кои изнесуваат неколку илјади евра, бараат бесплатно да добијат нови приклучоци, бараат без разлика колку трошат во иднина, да не има се фактурираат сметки над 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и други слични барања кои се во спротивност со законските одредби.

Share This Article