Нов скандал во стариот скандал мајстор А.Д.„ Пошта на Северна Македонија“, од многу северно, втор месец надвор од функција Пошта на Северна Македонија во Охрид и никого мрава не го лази?!
Втор месец по ред филијалата на Пошта на Северна Македонија во Охрид буквално е надвор од функција, од како поголем дел од вработените, меѓу кои и Поштари си заминале од работа. Нема достава на поштенски пратки и писма, граѓаните не ги добиваат ниту сметките за јавни услуги – хибридна пошта, а мака мачат и голем број на фирми кој или не добиваат пратки или пратките им се враќаат.
Надвор од функција се и диспоставите на Пошта Охрид кај месноста викана „Мини Маркет“ и „Болница“, така граѓаните кој одат во овие објекти на Пошта на Северна Македонија, вработените ги препраќаат да одат во главната пошта, зошто кај нив системот бил надвор од функција!!!
Тажна слика, на револтирани граѓани, кој се приморани и за она кое како услуга го плаќаат, да одат сами да подигаат пратки и да бараат сметки од економските оператори, кои пак имаат оправдување:„ Пратката е испратена преку Пошта на Северна Македонија“, и така до недоглед……
Раководтсвото на Пошти на северна Македонија во Охрид, без коментар на поставени прашања, додека раководството од централата во Скопје, не одговара на телефонски повици…