Неколку совети во врска со овие непредвидливи природни појави

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Неколку совети се корисни кога небото е зафатено со грмотевици, особено ако бурата ве затекне додека сте на отворено. Невремето кое го зафати Балканот ќе трае до среда кога треба да има намалување на температурите. Еве кои се најчестите препораки за безбедност:

Ако загрми, побарајте засолниште во затворен простор. Но, ако сте во затворен простор останете подалеку од прозорците и избегнувајте користење на електрични апарати. Избегнувајте и влажни простори.

Не засолнувајте се во отворени објекти како што се бараки или павилјони.

Доколку сте надвор на отворено избегнувајте да стоите под високи дрвја, општо високи објекти или да користите чадори со метални рачки. Избегнувајте метални огради. Познато е дека металните предмети го привлекуваат електрицетот на молњата.

Ако морате да сопрете и немате засолниште, клекнете ниско, но не се спружувајте на земја.

Ако сакате да знаете од која далечина доаѓа громот, можете да изброите колку секунди поминале од молњата до татнежот и тој број да го поделите со три. Така ќе знаете на колку километри е опасноста.

Причината зошто громот прво го гледаме, а потоа го слушаме татнежот е бидејќи светлината патува побрзо од звукот.

Улогата на громот во природата е што тој помага да се прераспределат топлината и влагата во небото. Научниците велат дека овој јули е еден од најтоплите во историјата на човештвото и дека температурите и климата влегуваат во нова, досега непроверена динамика. Многу од нив сметаат дека ваквите промени се резултат на глобалното затоплување.

Share This Article