Тројца државјани на Република Северна Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, информираме дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос, информираа денеска од Министерството за надворешни работи (МНР).

Од МНР потенцираат дека Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.

Оттаму упатуваат апел да се избегнува туристичко или какво било друго патување во загрозените подрачја.

„За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410“, се вели во соопштението.

Share This Article