Хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ (52) на својот инстаграм-профил објави фотографии на кои се гледа како ужива на плажа. Пејачката објави неколку фотографии од шатор поставен на затскриена плажа.
„Неописливо“, напиша Даниела со објавата, но не сакаше да ја открие локацијата.
Хрватските медиуми пишуваат дека друштво најверојатно ѝ прави новото момче Јосип.
Даниела минатиот месец објави фотографии во бикини покажувајќи како ужива во морските задоволства во скриениот залив на Јадранот, но ниту тогаш не откри кој ѝ прави друштво.
Пејачката на почетокот на јуни објави фотографија со новото момче, полицискиот инспектор Јосип Плавиќ, со кој позираше за промоцијата на својата книга, а се случи и првиот бакнеж пред камерите.
Даниела претходно беше долги години во врска со хрватскиот пејач Петар Грашо.
ФОТО: Инстаграм