Британскиот музичар Хари Стајлс во последните 23 месеци одржа дури 169 настапи во склоп на својата турнеја „Love on Tour“. Последниот концерт го одржа во Италија.
Социјалните мрежи се преполни со фотографии и видеа од неговите концерти, а сега е познато дека Стајлс со оваа турнеја која ја посетиле 4,7 милиони фанови заработил 590 милиони долари, со што таа се најде на листата на 10 најдобри на сите времиња.
„Love on Tour“ на Хари се најде на четвртото место на листата на „Billboard“ за топ 10 музички турнеи на сите времиња, а пред него се „ЈуТу“ и Ед Ширан со турнејата која траеше од 2017 до 2019 година.
Оваа година започнуваат турнеи на големи ѕвезди како Бијонсе и Тејлор Свифт, па се очекуваат значајни промени на листата на „Билборд“. Тејлор, според некои претпоставки, треба да стане првиот изведувач чија заработувачка од турнеја надминала 1 милијарда долари.
Со еден концерт на турнеја, Свифт заработува 13 милиони долари, а побарувачката за билети е огромна. Исто така, се зема предвид и фактот дека билетите денес се поскапи отколку пред неколку години. Просечната цена за билет за концерт на Тејлор Свифт сега изнесува околу 250 долари.