Руските воени сили во текот на ноќта нападнале складиште за жито во Одеса, а локалните власти на Крим известија дека било погоден складиште за руска муниција.
Украинската јужна воена команда на социјалните мрежи објави дека во напад на руско беспилотно летало на јужното украинско пристаниште Одеса е уништен магацин за жито и ранети се четворица пристанишни работници. Според прелиминарните информации, во нападите биле уништени три беспилотни летала, соопшти командата.
Руско складиште за муниција во Џанкој, Крим, беше погодено во раните утрински часови, а руските сили за воздушна одбрана пресретна 11 беспилотни летала над областа, соопшти проруски функционер.
Сергеј Аксјонов, гувернер на полуостровот Крим, анектиран од Москва во 2014 година, исто така изјави дека е оштетена станбена зграда во областа. Засега не е јасно дали складиштето за муниција било директно погодено од дронот или било оштетено од паѓање на остатоци од дронот.
Русија има воена воздухопловна база во близина на Џанкој. Украинските власти долго време укажуваат дека градот и околните области се претворени во најголемата руска воена база на Крим.