More

    Цело Берово утре ќе остане без вода

    spot_img

    Градот Берово и дел од околните места утре ќе бидат без вода за пиење. Причината за прекинот во водоснабдувањето како што информираа од Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга” се градежни активности кои ќе се одвиваат на тамошната филтер станицата.

    – Заради реализација на активностите по проект ,,Реконструкција на филтер станица”, утре  24.07.2023 година (понеделник), ќе има прекини со водоснабдувањето на територијата на цела општина. Поради ова ги замолуваме граѓаните за разбирање за ваквата состојба – информираа од претпријатието.

    Оттаму информираа дека поради зголемената потрошувачка водоснабдувањето се одвива со мали проблеми, но без да има рестрикции.

    – Се случуваше во најтоплите периоди граѓаните од повисоките места во градот да немаат вода, заради што апелиравме на совесно користење на водата за пиење – додадоа од комуналното претпријатие.

    Дополнителни информации за текот на реконструкцијата на филтер станицата најавија во текот на утрешниот ден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img