Стравичното невреме кое го зафати Нови Сад, однесе и еден млад живот. 12-годишно дете загина на улица пред зграда за време на олујата.
Детето Ј.В. (12) било пронајдено во бессознание на улица, пред зградата на неговата тетка. Брзата помош се обидела да го спаси со реанимација која траела еден час, но за жал детето починало.
Српските медиуми пренесуваат дека детето било пронајдено покрај инсталациите за гас кои искреле и дека се уште не се знае дали го удрила струја или гром. Истрагата е во тек.