More

    Се чини дека нема 100 отсто сигурен начин да се избегне грчката полиција да ви ги одземе возачката дозвола и табличките во случај да направите некој посериозен сообраќаен прекршок додека сте на одмор

    spot_img

    Се чини дека нема 100 отсто сигурен начин да се избегне грчката полиција да ви ги одземе возачката дозвола и табличките во случај да направите некој посериозен сообраќаен прекршок додека сте на одмор. Но, решението сигурно не е ни во тоа да ги ставите табличките внатре во автомобилот покрај задното стакло како што се пошегувал еден член на групата „Грчка инфо“ на Фејсбук. Луѓето коментираат дека во ваквиот случај полицијата може да викне пајак или пак да го запише бројот на табличките и потоа да имате проблем при излез од Грција или слично.

    Истовремено, во коментарите е понуден еден друг начин ако ви се случи документите да ви бидат одземени на 10 до 20 дена. Се вели дека можете да напишете барање полицијата да ви одобри да ви ги врати документите, а на барањето ќе имате одговор за најмногу два дена.

    Но, за да го сторите ова добро е со вас да дојде некој кој добро зборува грчки, на пример сопственикот на пансионот каде престојувате и да објасни во полиција дека немате можност или пари да останете во Грција цели 20 дена, туку дека планирате да се вратите дома по одморот. Тука можете да сметате на фактот дека во помалите места во Грција луѓето се познаваат, па можеби сопственикот на пансионот ќе ѝ биде близок на полицијата.

    Ако казната е парична, таа може итно да се плати во секој пошта со име Хеленик Пошта (ЕЛТА), се вели во фејсбук-групата. Потоа, со доказ за уплатата и со листот кој полицаецот ви го оставил на шофершајбната можете да одите во надлежната полициска станица. Обично на билетот на казната пишува за која станица станува збор.

    Грчкиот закон освен што предвидува казна од 40 до 80 евра за непрописно паркирање, предвидува и одземање на возачка дозвола за 10 дена и сообраќајна дозвола за 20 дена. Со други зборови, казната може да биде и парична и со одземање на документите.

    Плусинфо веќе пишуваше за новите солени казни кои важат во Грција ова лето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img