Грција се подготвува за уште два топлотни бранови кои се очекува да траат до крајот на јули, објави во четвртокот Националната метеоролошка служба на земјата (EMY).
Се прогнозира дека од 21 до 23 јули температурите ќе достигнат до 43 Целзиусови степени во поголемиот дел од копното, додека северниот дел на Тесалија се очекува да достигне до 44 степени.
Во понеделник на 24 јули температурите ќе опаднат за два до пет степени, пред се во источните делови од земјава. Сепак, од 25 јули се очекува уште еден топлотен бран кој ќе трае до крајот на месецот.
Весникот „Катимерини“ пишува дека посетите на одредени туристички места, меѓу кои и Акропол во Атина, може да бидат затворени, а испораката на храна може да биде забранета до вечерните часови за време на топлотните бранови.
Покрај горештините, Грција се бори и со шумски пожари кои три дена не можат да се стават под контрола и покрај максималните напори на екипите на теренот.