Пилотот Суад Мемиќ (48) и Фахрудин Хајдарпашиќ (49) се повредени при уривање на туристички авион во Штој кај Улцињ, пренесуваат црногорските медиуми.
Повредените се пренесени во општата болница во Бар и се вон животна опасност, потврдија од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа.
Мемиќ и Хајдарпашиќ биле во мал туристички авион. Авионот што се урнал, секојдневно носел туристи на воздушна обиколка на улцинското крајбрежје.