More

    За „Бехтел и Енка“, конзорциумот што ќе гради повеќе делници од коридорите 8 и 10д, досега се исплатени околу 167 милиони евра

    spot_img

    За „Бехтел и Енка“, конзорциумот што ќе гради повеќе делници од коридорите 8 и 10д, досега се исплатени околу 167 милиони евра, информираше вчера директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

    Според Рустеми, моментно се вршат геомеханичките испитувања, а за проектирање на трасите ќе бидат ангажирани сите расположливи капацитети во државата.

    Се подготвуваат, нагласи тој, и елаборатите за експропријација.

    – Продолжуваме со плаќањето кон „Бехтел и Енка“, според Договорот што го имаме потпишано и според финансиската програма одобрена од Владата. Досега се исплатени околу 167 милиони евра за мобилизација и авансно плаќање за коридорот 8 и корисорот 10д. Моментно се вршат геомеханичките испитувања на делниците Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Кичево. Се подготвуваат и елаборатите за експропријација. Денеска или утре ќе бидат одобрени и сите проектантни активности за проектирање на сите траси и патните коридори. Сакам да ја информирам јавноста дека сите капацитети во државата, кои проектираат, ќе бидат ангажирани. Ќе продолжиме, најверојатно следната недела ќе доставиме барање до Министерството за танспорт за патните коридори. По добиеното одобрување ќе почнеме и со експропријација, а потоа и со градежни работи – истакна Рустеми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img