Момчето убиец, кое на 3 мај изврши грозоморен масакр во кој со оружјето на татко му уби девет соученици од ОУ „Владислав Рибникар“ и еден обезбедувач, преку видео врска сведочи во истрагата што ја спроведе Вишото јавно обвинителство во Белград против неговиот татко.
Како што дознава српски Курир, воспоставена е видео врска помеѓу психијатриската клиника во која момчето се наоѓа од 3 мај и Палатата на правдата каде што се наоѓа Вишото јавно обвинителство во Белград.
„Рочиштето е во тек, момчето дава изјава и одговара на прашања преку видео врска воспоставена меѓу двете институции“ – вели изворот на Курир.
Како што дознава Курир, тој одговара на прашања поврзани со оружјето на неговиот татко, кое кобниот ден го зел од сефот и убил девет негови врсници и еден чувар.
Момчето се сослушува како сведок во истрагата што се води против неговиот татко за тешко кривично дело против општата безбедност, односно поради сомнение дека не чувал безбедно оружје за кое имало дозвола.
Освен тоа, малолетното момче ќе одговара и на прашања дали татко му го научил да пука, односно дали го водел на стрелиште, за што исто така се товари.
Исто така од сослушувањето треба да се дознае како Коста дошол до оружјето шт го поседувал неговиот татко, дали било чувано во сеф, дали татко му му ја кажал шифрата или пак тој тајно ja дознал.
Таткото сè уште е во притвор и тој има право да присуствува на сослушувањето на сведокот, како и мајката, која е негов законски старател и која потпишала согласност тој да биде сместен во психијатриска институција.
Според законот, на распитот можат да присуствуваат и оштетените, односно семејствата на убиените, како и нивните претставници, но со оглед на тоа дека исказот ќе биде даден преку интернет врска од боилничка установа, не е јасно дали ова негово проаво се смета за задоволено.