More

    Зеленски сака да продолжи транспортот преку Црно Море

    spot_img

    Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да продолжи со извозот на жито преку Црното Море и покрај најавата на Москва дека се повлекува од договорот за извоз.

    – Дури и без Русија, треба да се направи сè за да можеме да го користиме тој коридор за извоз од Црното Море. Не се плашиме – ја пренесе изјавата на Зеленски неговиот портпарол Серхиј Никифоров на социјалните мрежи.

    Во своето секојдневно обраќање до јавноста Зеленски додаде дека испратил официјално писмо до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, во кое предложил Украина да го продолжи извозот.

    „Украина, ОН и Турција можат заеднички да обезбедат функционирање на коридорот за храна и инспекција на бродовите“, вели Зеленски.

    Според него, речиси 33 милиони тони украински прехранбени производи биле извезени во 45 земји како дел од договорот потпишан во јули 2022 година од Украина и Русија под покровителство на Турција и ОН.

    Во понеделникот Москва се повлече од договорот, важен за снабдување на светот со храна, неколку часа по ноќниот напад на украинската војска со поморски дронови на мостот на Крим, стратешка инфраструктура за Русија.

    Покрај тоа, Русија ги обвинува богатите земји дека имаат корист од најголемиот дел од украинскиот извоз наменет за земјите во развој. Зеленски, напротив, вели дека „60 отсто од количината“ се извезува во Африка и во Азија.

    Податоците на ОН покажуваат дека Кина, Шпанија и Турција имаат најголема корист од украинските испораки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img