More

    Почна судската постапка за масакрот на „Врачар“

    spot_img

    Момчето Коста К., што го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград денеска сведочи во судскиот процес против неговиот татко.

    Како што пренесуваат српските медиуми, почна распитот на момчето-убиец, како сведок во постапката против неговиот татко, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.

    Таткото на момчето, кој во моментов е во притвор, се товари дека не го чувал оружјето според законските прописи. Тој е осомничен и дека го тренирал својот син да користи оружје, а нелегално го носел и на стрелиште. Се истражува дали го запуштил и малтретирал детето.

    Момчето имаше 13 години кога го изврши делото, па не подлежи на кривична одговорност.
    Вишиот суд во Белград го усвои предлогот на членовите на семејствата на убиените деца во масакрот во О.У. „Владислав Рибникар“, сите пари со кои располага таткото на Коста К., да се префрлат на депозит на јавен извршител.

    Во исто време, судот ѝ наложи на Народната банка на Србија да ги префрли парите како што е наложено. Парите, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените ќе бидат депонирани кај јавниот извршител каде ќе се чуваат до конечното завршување на кривичната постапка.

    На мајката на момчето судот ѝ забрани да става под хипотека или да продава недвижен имот што го поседуваат. Ова важи и за автомобилот регистриран на нејзино име. Исто така и против неа е поведена постапка за да се утврди дали го запоставила синот.

    Седмоодделенецот Коста К. на 6 мај влезе во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и уби деветмина свои соученици и чуварот. Малолетниот убиец се наоѓа на испитување на Клиниката за невропсихијатрија за деца и младинци, на специјално одделение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img