Два автобуса се судрија во близина на Брно на југот на Чешка. Возачот на еден автобус загинал. Најмалку 50 лица се повредени, од кои многу потешко, соопшти чешката полиција. Според неа, автобусот чиј возач загинал се судрил со задниот дел од друг автобус.
Несреќата се случила околу 14 часот на автопатот што го поврзува Брно со Братислава. Гувернерот на покраината Јан Гролич за чешката телевизија изјави дека едниот автобус бил полн со странци, најверојатно од Индија, а другиот бил редовен меѓуградски автобус.
Според портпаролот на регионалната полиција Давид Чалупка, автобусот што ја предизвикал несреќата се судрил со задниот дел на друг автобус. Според чешките медиуми, околу 50 лица се повредени, од кои многу потешко. Во автобусите имало вкупно околу 70 патници.