More

    Советот за безбедност на ОН ќе ја одржи првата седница за вештачка интелигенција

    spot_img

    Советот за безбедност на ОН ќе ја одржи својата прва официјална седница за вештачка интелигенција во Њујорк оваа недела, откако Велика Британија повика на меѓународен дијалог за неговото влијание врз глобалниот мир и безбедност.Владите ширум светот размислуваат како да ги намалат опасностите од овој тип на технологија која би можела суштински да ја промени светската економија и да ја преобликува меѓународната безбедносна средина.

    Британија претседава со Советот за безбедност овој месец и се обидува да се етаблира како глобален лидер во регулирањето на вештачката интелигенција.

    Со седницата во вторник ќе претседава британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

    Во јуни, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поддржа предлогот на некои водечки луѓе во областа за формирање на меѓународно регулаторно тело за вештачка интелигенција, како што е Меѓународната агенција за атомска енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img