More

    Сезоната на лубениците е тука, дали знаете колку се навистина здрави?

    spot_img

    Полна со витамини и хранливи материи, лубеницата не е само шеќер и вода. Како значаен симбол на летото и морето, ќе се изненадите колку лубеницата прави добро за вашето тело

    Тоа ви помага да останете хидрирани
    Лубеницата е 92 отсто вода, па затоа е лесен начин да го хидрирате вашето тело. Дури и малата дехидрација во лето може да предизвика замор, грчеви и главоболки. Обидете се да посипете малку сол на лубеницата после физичка активност за да ги надополните електролитите и јаглехидратите, пишува 24 часа.

    Одржува здрава тежина
    Бидејќи најмногу се состои од вода, лубеницата има малку калории и подолго ќе се чувствувате сити. Може да биде одлична опција ако се обидувате да одолеете на десерти со повеќе калории.

    Го поддржува здравјето на очите
    Хранливите материи во лубеницата се особено корисни кога се во прашање вашите очи. Антиоксидансите го намалуваат ризикот од проблеми со очите, додека витаминот А го поддржува и здравјето на вашата рожница.

    Го зајакнува вашиот имунолошки систем
    Дозата на витамин Ц во лубеницата го поддржува имунолошкиот систем кој се бори против инфекции.

    Ја ублажува болката во мускулите
    Лубеницата, исто така, му помага на вашето тело да се чувствува подобро после вежбање. Ова е благодарение на цитрулинот, кој помага во производството на азотен оксид за да се подобри протокот на крв и перформансите на мускулите.

    Добро е за здравјето на кожата
    Лубеницата има витамин Ц кој му помага на телото да произведува колаген, кој го поддржува здравјето на клетките и способноста за лекување од повреди. Витаминот А од бета-каротин помага во регенерација на клетките на кожата, спречувајќи ја кожата да остане сува.

    Го подобрува варењето
    Полифенолите во лубеницата ги поттикнуваат добрите бактерии во цревата. Ова го олеснува варењето, но и го зајакнува имунолошкиот систем и производството на хранливи материи во цревата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img