Рускиот генерал-мајор Владимир Селиверстов е разрешен од функцијата командант на 106-та воздухопловна дивизија, пишува Sky News, повикувајќи се на информација објавена на Телеграм. Како водач на групата, Селиверстов од почетокот на оваа година учествуваше во битките околу Бахмут во Украина. Веста се уште нема официјална потврда од Кремљ.
Ова ќе биде втора голема промена во највисокиот руски воен врв, за многу краток период откако претходно беше сменет генералот Иван Попов.
Според воените аналитичари, отпуштањата на генералите се показател за внатрешни поделби во руските воени сили, после бунтот на Евгениј Пригожин и воената формација Вагнер.