More

    Алкараз ја откри тајната пред финалето на Вимблдон

    spot_img

    Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, откри дека заедно со психолог се подготвува за дуелот со Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон. По неговиот „потоп“ во нивниот меѓусебен дуел на Ролан Гарос, актуелниот тенисер број еден во светот сака да биде целосно подготвен за мечот за титулата во Лондон.

    -Ќе се обидам излезам на теренот со помалку напнати нерви по тоа што го поминав на Ролан Гарос, каде воопшто не уживав во првиот сет. Сега сакам да направам нешто сосема друго, да ја „исклучам“ напнатост и да уживам во моментот. Ќе биде поинаку. Се надевам дека нема да има грчеви за финалето. Мислам дека ќе бидам подобар во недела, вели младиот шпански тенисер.

    Првиот светски рекет дека разговара со својот психолог околу подготовките за утрешното големо финале на Виблдон.

    -Имам психолог кој работи со мене од почетокот на 2020 година. Таа многу ми помага. Ќе разговарам со неа како да се подготвиме за натпреварот, тоа е важен момент за мене. Нема да биде лесно, но ќе разговарам со неа, додава Алкараз.

    Шпанецот има искуство со освојување на Грен слем турири, бидејќи е актуелен шампион на УС Опен, што засега е негов единствен трофеј со најголема тежина. Сепак, тој тврди дека триумфот на Вимблдон би го ставил пред таа победа во Њујорк.

    -Веројатно тоа ќе биде најдобриот момент во мојот живот, навистина емотивен момент за мене. Ќе се обидам да останам смирен, бидејќи за Новак тоа е уште еден ден, уште еден момент. А за мене тоа ќе биде најдобриот момент во мојот живот, изјави Алкараз.

    Дуелот за титулата на Вимблдон се игра утре со почеток во 15 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img