Еден полицаец загина, а двајца полицајци и еден цивил се тешко ранети кога вооружен маж отвори оган среде преполна улица во градот Фарго во американската сојузна држава Северна Дакота, соопшти полицијата.
Полицијата возвратила и го убила напаѓачот.
Инцидентот се случил во петокот попладне, а мотивот за нападот не е соопштен.
Полицијата на Фарго соопшти дека истрагата е во тек, но не го соопштија идентитетот на полицајците и на осомничениот, во очекување на одобрението од нивните семејства, пренесува АП.