More

    Анализа од поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере

    spot_img

    Европската Унија треба да има поактивна улога во давањето помош за решавање на билатералните спорови, користејќи сопствена експертиза и искуство во надминувањето „наследство“ од војна и промовирање на политиката на помирување, базирана на владеење на правото, препорачува поранешниот евроамбасадор во земјава, Ерван Фуере во анализа на Центарот за европска политика под наслов „Проширувањето на ЕУ и решавањето на билатералните спорови на Западен Балкан“.

    Според Фуере, ЕУ треба да приспособи режим на прогресивно, условно и етапно учество за оние држави кои имаат за цел полноправно членство во ЕУ.

    – За споровите кои вклучуваат земји членки, ЕУ треба да воведе лимити за употреба на правото на вето за да спречи натамошна злоупотреба од одделни земји членки и за да избегне натамошна ерозија на довербата во способноста на Унијата да ги испорача дадените ветувања за регионот – вели Фуере.

    Во некои случаи, како што објаснува евроамбасадорот, ова негативно влијание на изгледите за членство, со демотивација и со намалена поддршка од јавноста за поткопаните политички средини во ЕУ.

    – Пример за ова е длабоко вознемирувачкиот преседан што го постави ЕУ во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. И покрај повторените повици од ЕУ сите страни „да се воздржат од злоупотреба на отворените прашања во пристапниот процес“, таа (Унијата) всушност ги одобри бугарските ставови за историјата, јазикот и идентитетот. Немањето сеопфатна стратегија или каков било институционален механизам од страна на ЕУ да се справи со овие спорови, како и во многу случаи немањето медијација од трета страна намалува каква било политичка волја да се најдат остварливи решенија – вели Фуере.

    Со оглед дека барањето сеопфатно решение е комплицирано бидејќи некои од споровите се меѓу земја членка и земја кандидат, тоа недвојбено значи дека какво било решение е во корист на земјата членка, која, како што се потврдило не се воздржува од употреба на вето за да наметнер став мотивиран од сопствената домашна политика. Тоа, според Фуере, значи дека земјата кандидат има мал избор ако сака да продолжи кон остварување на целта – членство во ЕУ. За да се избегне ова, тој додава дека се појавува потребата од гласање со квалификувано мнозинство со цел што е можно повеќе да се минимизира силата на ветото на одделна земја членка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img