Никола Јокиќ втора година по ред дел од летото го помина на рафтинг на Тара.
Српскиот кошаркар уживаше, пливаше и добро се забавуваше, но имаше и видео на кое се гледа како можеби во еден момент премногу ризикувал.
Имено, Никола Јокиќ решил да скокне од висока карпа во реката, а се чини дека била висока десетина метри.Со оглед на неговите димензии, тоа воопшто не беше наивен скок.
Веројатно ова нема да им се допадне ниту на луѓето во Денвер кои му плаќаат огромни 260 милиони во следните пет години, а познато е дека во ваквите договори има и клаузули според кои играчот сноси одговорност за повреди при екстремни спортови.
Видеото од скокот на Јокиќ беше проследено со хумористични коментари.