Онс Џабер се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, откако ја елиминираше Елена Рибакина по борба во три сета.
По еден час и 55 минути игра резултатот беше 6:7, 6:4, 6:1.
Во првиот сет беа забележани по два брејка на двете страни, а во тај-брејкот Рибакина победи со 7:5.
Џејбер на крајот стигна до клучниот брејк во вториот сет. Таа во 10. гем го искористи првиот брејк и сет-поен и стигна до изедначување.
Ова во продолжение целосно го скрши отпорот на Рибакина, два брејка забележа Џабеур, која на својата ривалка и дозволи само еден гем во тој дел.
Сабаленка лесно се пласира во полуфиналето на Вимблдон
Џабеур за финалето ќе се бори против Арина Сабаленка.