Фризерите имаат поголем ризик од рак на јајниците поради различните штетни хемикалии на кои се изложени на работа, покажа најновото истражување. Според британски The Sun, жените кои поминуваат многу време користејќи средства за белење, бои за коса и спрејови имаат поголема веројатност да добијат рак на јајниците.
Имено, истражувањата покажале дека оние жени кои поминале десет или повеќе години во фризерски салони, берберници или козметички салони имаат трикратно поголем ризик од оваа смртоносна болест, пренесува Index.hr.
Списокот на сите работни места кои се поврзани со значително поголем ризик од просечниот вклучува:
фризери
козметичари
градежни работници
сметководители
шивачки
работници за продажба или малопродажба.
Истражувачите од Универзитетот во Монтреал ги анализирале податоците на жените на возраст од 18 до 79 години. Тие споредиле 491 жена на која им бил дијагностициран рак на јајниците со 879 жени кои не ја имале оваа болест. Беа собрани различни информации од сите учесници во истражувањето, вклучувајќи ја и нивната историја на вработување.