More

    Шпанците го обвинија Роналдо за голема измама, еве за што се работи

    spot_img

    Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо неодамна стана еден од главните огласувачи на алкалната минерална вода Ursu9, за која се вели дека има лековити својства. А како што пишува шпанскиот дневен весник Ел Паис, станува збор за голема измама.

    Во рекламната кампања Роналдо ја претставува водата како производ со лековити својства, тврдејќи дека сака да им помогне на потрошувачите да се чувствуваат подобро.

    Производот што го рекламира ѕвездата сега е под лупа на новинарите од шпанскиот весник Ел Паис, кои исто така внимателно ги испитале овие тврдења со научни анализи.

    „Оваа вода е сомнителна и неквалитетна“, пишува Ел Паис, а спортскиот весник „Асм“ се придружи на слични обвинувања.

    „Медицинските придобивки што ги тврди Ursu9, брендот за вода спонзориран од фудбалерот, се повеќе од сомнителни. Не е антиоксиданс и неговата алкалност е бескорисна. Дополнително, во промотивното видео се користат лажни фотографии, а водата чини двојно повеќе од сличните води“, додава Ел Паис, каде што ја доведуваат во прашање и изјавата дека водата треба да се испумпува во шпанскиот град Авила.

    Весникот тврди дека водата не доаѓа од Авила, која очигледно никогаш не издала дозвола за пумпање, туку од Сера де Акор, која е на околу четири часа возење од Авила, што, според новинарите, е уште повеќе доказ дека е очигледна рекламна измама.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img