More

    Трамп ја осуди одлуката на Бајден за испорака на муницијата

    spot_img

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја осуди одлуката на актуелниот претседател Џо Бајден да испрати касетна муниција како дел од новиот пакет помош за Украина. Трамп предупредува дека потегот може да доведе до Трета светска војна.

    – Џо Бајден не треба да нè влече кон Трета светска војна со испраќање касетна муниција во Украина – тој треба да се обидува да стави крај на војната и да ја запре ужасната смрт и уништувања предизвикани од неспособна администрација – рече Трамп.

    Реакцијата на Трамп дојде пет дена откако Пентагон официјално ја објави одлуката, а еден ден откако неговиот поранешен потпретседател Мајк Пенс го поддржа потегот, пренесуваат американските медиуми.

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска предупреди дека доколку САД ѝ дадат касетна муниција на Украина, Русија ќе биде принудена да користи „слично“ оружје, јавија британските медиуми.

    Министерот истакна дека руската армија располага со касетна муниција, но досега се воздржувала од нивна употреба во украинската воена кампања.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img