Ноа Миливојев, тиктокерката кој беше брутално искасапена од нејзиното момче во Белград, беше погребана денеска на гробиштата Ковиље. На погребот беше пријателката и цимерката на убиената Ноа, Ана Марија Павловиќ, која во голема исповед зборуваше за неа и О.Д.(33), осомничен за убиството, пишуваат српските медиуми.
– Ноа беше одлична, лојална пријателка… ми се пожали дека О. ја малтретирал, ја тепал и психички ја малтретирал. Не ми рече дека ѝ се заканувал, туку дека ја терал да се дрогира, а таа примала хормонска терапија. Последен пат сама ја видов на 17-ти јуни секогаш ми се јавуваше 20 минути пред да го остави дечкото да си оди дома, потоа два дена не ми одговараше и ѝ се јавив на мајка и, па беше пријавена за исчезната. Бев шокирана кога слушнав дека е убиена. Прво слушнав дека е обесена, а потоа и искасапена – рече таа.
Цимерката на Ноа откри и каде и како се запознале О.Д. и Ноа Миливојев. Таа го спомна и Кенгурот, личноста со која Ноа снимаше на социјалната мрежа ТикТок.
– Тие двајца се запознаа преку апликација. (О.Д.) беше страшно љубоморен, полуде кога виде што таа прави со Кенгур на ТикТок. Мислев дека Кенгур е во ред, кога го видов во живо после снимката се згрозив. О.Д. по снимката беше добро, но потоа еден ден само се откачи. Ниту Ноа не сакаше никого да запознае со О., и таа беше љубоморна…Инаку, чудно ми е што нејзиниот брат близнка не дојде тука на погребот – изјавила Ана Марија Павловиќ и ја завршила исповедта со зборовите „Девојки, пазете се! “