Откако српски Н1 објави листа од 14.310 профили на Српската напредна партија на социјалните мрежи за кои се смета дека се луѓе кои работата како „ботови“ за владејачката партија, претседателот Александар Вучиќ, на Инстаграм објави фотографија со порака за поддршка на неговата партија.
„Најмногу во светот ги сакам Србија и Српската напредна партија. Да, јас сум бот на СНС“, стои во пораката објавена на Инстаграм-профилот на Вучиќ.