На сириски борци им се нудат 5.000 фунти месечно, за да се борат на линијата на фронтот од руска страна во војната против Украина, дознава Би-Би-Си.
Сириски борец кој доброволно се пријавил да се бори, во изјава за британскиот јавен сервис изразил верување дека Русија врши масакр во Украина, но, како што појаснува, „им помага на сиромашните Сиријци, кои не можат да си дозволат храна“. Тој се пријавил доброволно поради парите. Му било кажано дека неговото семејство ќе добие 37.000 фунти доколку тој загине.
Медиумот додава и дека, според украинската Влада и една сириска невладина организација, во Сирија се поставени 14 центри за регрутирање борци.