Европската комисија планира извозот да се врши преку Балтичкото Море

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европската комисија (ЕК) предложи создавање специјални трговски коридори меѓу Полска и Украина, во обид да се намали влијанието на оружениот конфликт врз синџирот на снабдување со земјоделски производи.

Шпанскиот весник „АБЦ“ пренесува изјава на еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски, кој вели дека „ЕК е подготвена да организира такви зелени коридори за да може Украина да извезува храна преку Балтичко Море од полските пристаништа“.

Војчеховски околу ова прашање разговарал со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, кој изразил подготвеност да направи се што е потребно и можно за да ја поддржи Украина.

Транспортните рути предложени од ЕК би можеле да се користат и за испораки на прехранбени производи од Европа во Украина.

Еврокомесарот нагласи дека, сепак, приоритет во моментов е помошта за украинските бегалци.

Што се однесува на актуелната ситуација, тој посочи дека секој транспорт на стоки низ Украина кон Полска во моментов е „активност со голем ризик“.

Share This Article