Миризливите свеќи може да направат повеќе штета отколку корист

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Свеќите се меѓу омилените украсни предмети во домот, не само затоа што создаваат атмосфера, туку и поради пријатниот мирис со којшто ја исполнуваат просторијата… Сепак, некои стручњаци велат дека миризливите свеќи може да направат повеќе штета отколку корист.

Д-р Ден Габлер е органски хемичар кој често споделува здравствени совети на „Тик-ток“, па во една од своите објави, тој ги предупредува своите следачи да не користат миризливи свеќи.

– Постојат многу клинички истражувања кои покажуваат како запалената свеќа во затворен простор може да предизвика сериозни здравствени проблеми, како што е спречување на способноста на клетките да се развиваат. Под загадување на воздухот често го подразбираме она што се случува надвор, но истото е често присутно во затворени простории, а меѓу другото го предизвикуваат и свеќите – истакна д-р Ден.

Хемичарот потоа појаснува дека свеќите се направени од евтин парафински восок, вештачки мириси и бои, а кога испуштаат јаглерод-моноксид, диоксид, сулфур-диоксид, бензопирен и друго, сите овие соединенија лошо влијаат на нашето тело. Тој потсетува и дека производителите обично не предупредуваат за нивните состојки.

– Проблемот со свеќите е тоа што нема ни контрола на квалитетот. Нивните производители не се обврзани и не покажуваат 90 отсто од нивните состојки, а ние ги купуваме и вдишуваме. Тоа е голем проблем! Внимавајте! – предупреди тој.

Според него, ако одвреме-навреме запалиме свеќа во добро проветрен простор – тоа нема да биде проблем, но доколку тоа се случува пречесто, може да биде лошо за здравјето.

Share This Article