Во пресрет на утрешниот самит на НАТО во главниот град Вилнус, Литванија претрпе бран сајбер напади, соопштија претставниците на балтичката држава.
„Додека зборуваме, во тек е напад на одбивање на услугата против нашата земја“, им рече на новинарите шефот на Националниот центар за сајбер безбедност Лиудас Алисаускас.
Сајбер нападите беа насочени кон веб-страниците на градот Вилнус, вклучувајќи туристички информации и апликација за јавен превоз.
„Ова се основни услуги“, рече Алисаускас и додаде дека овој напад (Distributed Denial-of-Service-DDoS) има за цел да ги прекине мрежните услуги.
Националниот центар за сајбер безбедност соработува со разузнавачките агенции и полицијата, како и со странски партнери.
Центарот објави дека добил извештај за два сајбер инциденти во неделата, вклучително и хакерски напад врз регионална радио станица. Работата на таа станица беше прекината со дистрибуција на дезинформации за НАТО и Украина.
И литванскиот телекомуникациски оператор Телија денеска извести дека имало хакерски напади врз литвански институции и јавни претпријатија преку мрежата Телеграм.
Литванија утре и во среда ќе биде домаќин на самитот на НАТО.